Национална Установа Музеј Куманово датира од 1964 година под името Народен Музеј Куманово. Музејската зграда била вила на познатиот индустријалец Живко Стојиљковиќ, изградена во 1926 година со типичен белег на стара градска архитектура. Се наоѓа во центарот на градот.
Во 2004 година е пререгистриран како Национална Установа Музеј Куманово. Постојаната поставка располага со околу 7000 експонати од збирките кои се резултат од теренски истражувања и научна обработка. (археологија, историја и етнологија).
За својата истражувачка изложбена, издавачка и културно-просветна дејност, музејот е добитник на повеќе награди и признанија, меѓу кои два пати на Ноемврската награда, 1972 г. и 1986 г.
